Ниту 41 поен на Адебајо не беа доволни за Мајами да победи кај Бруклин кој за првпат победи со триото Дурант, Ирвинг и Харден на паркетот.
Бам Адебајо имаше добра вечер во Бруклин постигнувајќи 41 поен, но неговиот Мајами Хит остана без бодови гувејќи со 4 разлика. Домашните водеа со 14 поени разлика по завршувањето на третата четвртина, а постите во последната успеаја да анулираат 10, каде и застанаа.
За првпат Бруклин успеа да победи со триото Кевин Дурант, Каири Ирвинг и новодојдениот Џејмс Харден во составот. Дурант запиша 31 поен, 4 скока и исто толку асистенции, Ирвинг даде 28 поени зачинети со 6 скокови и 7 асистенции, додека Харден оствари дабл-дабл со 12 поени и 11 асистенции плус 7 скокови.
Резултати:
Бруклин Нетс - Мајами Хит 128:124
Детроит Пистонс - Филаделфија 76ерс 110:114
Минесота Тимбервулвс - Њу Орлеанс Пеликанс 120:110
Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс 90:101
Далас Маверикс - Хјустон Рокитс 108:133
Феникс Санс - Денвер Нагетс 112:120 прод.
Јута Џез - Голден Стејт Вориорс 127:108