БРАЗИЛЕЈРАУ 2020

Дури 151 фудбалер во Бразил е заразен со COVID-19

Новата сезона во бразилскиот шампионат Бразилејрау започна минатиот викенд, иако во таа земја сè уште има огромен број луѓе заразени со коронавирусот.

Од натпреварот Фламенгу - Атлечику Минејру

По натпреварите во недела и понеделник, сите фудбалери беа тестирани и резултатите покажаа дури 151 позитивни случаи, поради што првенството веројатно ќе биде прекинато.

Најтешка е ситуацијата во Коринчјанс, каде се заразени 23 играчи, односно практично целиот прв тим. Гојас има еден заразен помалку, а најмалку позитивни се во Браганчину и Атлечику Минејру кои имаат по еден заразен фудбалер. Атлечику Минејру го одигра својот натпревар викендов.

Гојас, Коринчјанс и неколку други клубови со многу заразени дури и не играа овој викенд и скоро е сигурно дека следното коло, закажано за четврток, нема да се одигра. Засега нема вести за посериозни случаи и повеќето играчи не покажуваат никакви симптоми, односно се асимптоматски. Вкупно 4 натпревари од 1. коло не се одиграа и тоа Палмејрас - Васку да Гама, Коринчјанс - Атлечику Гојаненси, Ботафогу - Баија и Сантус - Браганчину.

Бразил стана втора земја во светот по бројот на случаи на инфекција со коронавирус по САД. Бројот на заразени во таа земја надмина 3 милиони, а повеќе од 100 илајди луѓе досега починаа.

Сезоната во Бразилејрау требаше на почне на 3 мај, но поради пандемијата почна дури сега. Наместо да заврши на 6 декември планирано е да заврши на 24 февруари наредната година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе