Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Хрватска Чешка во јуни.

На списокот на селекторот за овие два натпревара се најдоа дури 27 фудбалери. За разлика од мартовскиот состав не се на списокот Давид Бабунски и Ердон Даци. Првиот и онака и кога го викаше не му даваше шанса да игра, додека вториот едноставно не е повикан. Од толку играчи, само еден е од домашната лига и тоа резервниот голман Алексовски.
Голмани:
Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Арарат (Ерменија)
Игор Алексовски – Работнички
Дејан Илиев – Сарајево (Босна и Херцеговина)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Тодор Тодороски – Поли Јаши (Романија)
Никола Серафимов – Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан Алиоски – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Акрон (Русија)
Ахмед Иљазовски – Хвидовре (Данска)
Стефан Ашковски – Алашкерт (Ерменија)
Ѓоко Зајков – У Крајова (Романија)
Дарко Велковски – Динамо (Романија)
Средина:
Енис Барди – Трабзонспор (Турција)
Јани Атанасов – Краковија (Полска)
Агон Елези – Бохум (Германија)
Тихомир Костадинов – Пјаст (Полска)
Давор Здравковски – Мадервел (Шкотска)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими – Шепши (Романија)
Димитар Митровски – Вараждин (Хрватска)
Напад:
Бојан Миовски – Абердин (Шкотска)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлинов – Шалке 04 (Германија)
Александар Трајковски – Хајдук (Хрватска)
Лирим Ќамили – Хвидовре (Данска)
„Со нетрпение го очекуваме новиот собир и силните натпревари против Хрватска и Чешка, две репрезентации учесници на Европското првенство. Во составот на репрезентацијата се фудбалерите кои потврдија дека можат да бидат конкурентни и со најсилните европски селекции. Остануваме лојални на играчите кои одиграа одлични натпревари во вториот дел од квалификациите за Европското првенство, посебно против големите фаворити Англија и Италија. Без разлика на формата или статусот во клубовите, ќе бидат тука за главната наша цел - Лигата на нации и пресметките кои нѐ очекуваат од септември“, вели селекторот за тоа зошто упорно во репрезентацијата повикува играчи кои не играта во нивните клубови.

„Со нас е Дарко Велковски, кој е во последната фаза на опоравување од повреда, но без разлика дали ќе може да игра, важно е што како еден од најискусните во тимот и еден од лидерите на екипата е дел од овој собир“, рече тој за вметнување на централниот бек Велковски, кој доби повика иако сѐ уште не е вратен на зелениот терен.
„Двата контролни натпревари во Риека против Хрватска и Храдец Кралове против Чешка ни се важни во подготовките за септемвриските предизвици, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Мора да поправиме и некои работи во играта ако сакаме да забележиме позитивен резултат на претстојните два меча. Мораме подобро, свесен сум за тоа. Создаваме шанси, но мораме да ја подобриме ефикасноста, повеќе да влегуваме во празен простор, да покажеме карактер. Ова се натпревари на кои мотив сигурно нема да недостасува и треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто“,. заврши селекторот кој всушност изјавата ја даде преку официјалната веб-страница на ФФМ, оти прес-конференција не одржа.
Собирот на репрезентацијата е закажан во Скопје на 27 мај во 12 часот. Прво на 3 јуни од 19 часот играме со Хрватска во Риека, а потоа на 10-ти од 18 часот против Чешка во живописниот град Храдец Кралове.