Дури и краток престој во најзагадените градови штети на здравјето на срцето

Зимата пристигна, а загадувањето речиси низ целата држава е над дозволеното. Се формира чад од смог којшто го отежнува дишењето и нормалното функционирање на организмот. Во истражување спроведено во САД во 2012 година било утврдено дека луѓето кои живеат во подрачја со загаден воздух имаат за 10% поголеми шанси да доживеат инфаркт.

Загадувањето на воздухот често се поврзува и со зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања. 

Научниците направија ново истражување во кое испитуваа колкав е процентот на штетните честички во крвта на студенти кои престојуваа шест недели во Кина. Тие отпатувале од Лос Анџелес во Пекинг на летни студии.

Тие резултати ги потврдуваат доказите дека исто како што загадениот воздух влијае на здравјето на срцето на животните, исто така влијае и на луѓето. 

Во резултатите од урината на испитаниците, бил зголемен бројот на метаболити, пишуваат авторите на студијата во списанието Circulation.

Загадениот воздух е сериозен проблем и во Кина, држава во која загадениот воздух влијае на кардиоваскуларното здравје на 1,4 милијарди жители.

Луѓето коишто живеат во подрачје со загаден воздух имаат 10 проценти поголема можност да доживеат инфаркт.

Во истражувањето беа опфатени 26 непушачи, здрави студенти на просечна возраст од 24 години. Тие оставиле примерок од крв и урина пред да го напуштат Лос Анџелес, а потоа направиле крвна слика откако се вратиле.

За време на нивниот престој во Пекинг, загадувањето било за 371 процент поголемо отколку во Лос Анџелес, па примероците од нивната урина покажале дека концентрацијата на честичките во нивниот крвоток пораснала од 176 на 800 проценти.

Активноста на ензимот кој го поттикнува создавањето на здравиот холестерол била успорена, се наведува во истражувањето.

„Шест седмици престој во Пекинг на загаден воздух, ги зголеми биомаркерите за кардиоваскуларни заболувања и развој на атеросклероза“, се наведува во студијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе