Дурмиши: Турските инвестиции сочинуваат 38 отсто од вкупните странски инвестиции во земјата, работиме на подобрување на деловната клима

Северна Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд, Басар Дурмиши, на бизнис форумот и деловни средби меѓу Македонија и Турција кој што се одржа денеска во хотел „Хилтон“.

На бизнис форумот учествуваше и министерот за трговија на Турција, Омер Болат, кој е во еднодневна посета на Северна Македонија, како и компании од Турција и Северна Македонија.

Министерот Дурмиши истакна дека Северна Македонија и Турција имаат одлична билатерална и трговска соработка која има простор да се зголеми во наредниот период.

„Турските инвестиции се едни од најбројните во земјата и сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјава со околу две милјарди евра. Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис заедницата сакаме да изградиме партнерски односи кои носат резултати.Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите сите компании кои работат во Северна Македонија и домашните и странските инвеститори имаат исти услови и можности за добивање поддршка од државата. Со концептот на воспоставување на Технолошките индустриски развојни зони привлечени се повеќе од 35 мултинационални производствени компании со глобално влијание“, кажа министерот Дурмиши и ги повика турските компании да инвестираат во земјава и да ги прошират своите инвестиции, а Владата ќе обезбеди најповолна бизнис клима за работа.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Бизнис

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Read more

НБРМ: Kаматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки се непроменети

Read more

УЈП ги објави податоците: За колку падна прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот?

Read more

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе