Компанијата Porsche никогаш досега не собрала осум генерации на еден модел на една стаза.
Моделот 911 е најпрепознатливиот спортски автомобил во историјата благодарение на уникатниот дизајн. Исто така е и многу популарен. Доволно е да се каже дека нема вистинска конкуренција во продажба, освен во поевтините нивоа каде големи колонии обожаватели имаат моделите како Mustang.
Германскиот автомобилски гигант собра осум верзии на 911 во Тајланд и сними атрактивно видео во прекрасното опкружување, на огромно задоволство на обожавателите на брендот.
Првата генерација Porsche 911 траеше неверојатни 26 години, а останатите од четири до седум години.
Секоја генерација остана доследна на концептот на ниската препознатлива силуета и мотор поставен во задниот дел на автомобилот.
Кој е вашиот фаворит?