Дутерте ѝ се закани на Кина: Нашето пријателство завршува тука

Претседателот на Филипините нема намера да ги повлече своите бродови од поморските територии кои Кина тврди дека се нејзини, а тензиите во овој дел од Јужното Кинеско Море растат од ден на ден.

Денеска Родриго Дутерте ѝ се обрати на јавноста упатувајќи порака дека не ги прифаќа кинеските барања и ќе продолжи со борбата за групата острови и гребени во Јужното Кинеско Море поради кои Филипините и Кина водат спор.

„Ние црвсто стоиме тука и сакам повторно да кажам дека нашите бродови нема да се поместат ниту сантиметар наназад. Нема да се повлечам, дури и по цена да ме убиете. Нашето пријателство завршува тука“, рече тој.

Во април кина побара од Филипините да ги тргнат своите бродови од спорните води и ја повика Манила да престане да презема акции кои ја компликуваат ситуацијата и го ескалираат спорот.

Дутерте важеше за човек близок до Пекинг и беше многу критикуван поради тоа, но овој спор се чини ги менува работите. Претходно дури и се закани дека ќе испрати воени бродови во спорните води.

Во средата воените сили на Филипините покренаа узбуна пријавувајќи дека 287 кинески воени бротчиња навлегле во филипински води, но според Кина нејзините бротчиња биле во кинески води.

Проблемот во Јужното Кинеско Море не завршува само со Кина и Филипините бидејќи за делови од спорната поморска територија тврдат дека им припаѓа и Виетнам, Малезија, Тајван и Брунеј.

Комплицираноста на ситуацијата во Јужното Кинеско Море
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе