Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте изјави дека ќе волонтира за тестирање на новата руска вакцина против COVID-19, бидејќи има доверба.
Русија во вторникот стана првата земја во светот која одобри вакцина против коронавирусот, иако финалната фаза на клиничко тестирање сè уште не направена.
Русија се понуди на Филипини за снабдување и за производство на вакцината во оваа земја. Оваа азиска земја има огромен број случаи на заразени.
„Ќе му кажам на претседателот Путин дека имам огромна доверба во студиите во борбата против COVI19 и верувам дека вакцината што ја произведоа е добра за човештвото“, изјави Дутерте во понеделникот, пренесе Reuters.
Глобалната трка за развој на вакцина предизвика загриженост дека би можело да дојде до загрозување на безбедноста доколку се покаже неуспех со руската вакцина. За да ја смири загриженоста на јавноста, Дутерте се понуди да волонтира.
„Јас би можел да бидам првиот на кој ќе експериментирате“, изјави тој.
На Филипини се регистрирани над 150.000 заразени случаи и 2.449 смртни случаи.