Два американски авиони паднаа во море во близина на Јапонија

Два авиони на американските маринци паднаа во море во близина на јапонското крајбрежје, објавија светските медиуми.

Најдени се две лица, а пет се водат за исчезнати.

Во соопштението на официјалните служби стои дека се срушиле авиони McDonnell Douglas F/A-18 Hornet и KC-130.

„Инцидентот се случил откако авионите полетале од базата Ивакуни во близина на Фукушима, Јапонија, за да учествуваат во претходно закажаните вежби“, стои во соопштението.

Авионот-цистерна и „ловецот“ на американската војска паднале во околу 2 часот утрото по локално време.

Во соопштението на маринците стои дека авионите паднале на околу 320 километри од брегот, а јапонските служби информираат дека инцидентот се случил на околу 100 километри од крајбрежјето, каде биле најдени двајцата пилоти.

Причината за инцидентот уште не е позната и отворена е истрага. Потрагата по преостанатите членови на екипажите продолжува.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе