Според веб-страницата за следење летови FlightRadar24, авиони на Turkish Airlines и на SunExpress за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 7 септември во 18:32 часот.
Снимка од веб-страницата за следење летови FlightRadar24, сугерира дека авионите ќе се судреле над скопско Миладиновци.
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) утринава потврди дека постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнатиот судир над Скопје.