Едно лице загина кога во понеделникот два авиона се судрија во воздух на аеродром во Невада.
Авионите се урнаа еден во друг околу 9:47 часот на аеродромот „Минден-Тахоу“ речиси еден месец откако друг судир однесе еден живот за време на полетувањето на истата писта.
Властите реагираа кога еден од едномоторните авиони слета на аеродромот, а другиот падна во полето во близина на автопатот 395, соопштија од канцеларијата на шерифот на округот Даглас, пренесе Daily Mail.
Федералната управа за авијација (ФАА) соопшти дека во еден од авионите, GC-1B, имало еден патник, а другиот, Cesna 206, имал два патника.
Пилотот и патникот во цесната не се повредени, а пилотот на другиот авион починал кога паднал во блиското поле.
Не е јасно што ја предизвикало фаталната несреќа.