Од креативната кујна на Македонија-Експорт

Два нови македонски брендови кои целат кон светскиот пазар

По успешното креирање и позиционирање на брендот МАМА’С низ светот, проект во кој МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ повеќе не е дел, компанијата во изминатата година работеше на развој и лансирање на нивните два нови брендa: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co.

По извршена детална анализа на трендовите и потребите на потрошувачите, компанијата ги избрала најквалитетните и најсоодветните производи од Македонија и регионот и усовршувајќи ја рецептурата на некои од производите, ги развиле нивните нови брендови.

Засега, производите се екслузивно достапни во маркетите во САД, но во брзо време се планира и ширење низ другите пазари во светот. Овие активности на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ се очекува да имаат позитивен ефект и на имиџот на државата, а воедно и да помогнат при зајакнување на капацитетите на домашните производители, како и извозот во целост.

„Производите веќе неполн месец се наоѓаат на полиците во маректите во Илиноис (САД), и реакциите на потрошувачите се одлични. Сепак ова е само почеток. Сè уште сме во фаза на тестирање и адаптирање на стратегијата, но веруваме во квалитетот на производите и нашиот бренд концепт и се надеваме дека NO BULL… и B-GOOD FOOD Co. ќе се прошират за многу брзо време низ цела Америка и пошироко низ светот.” - вели Калин Бабушку, еден од сопствениците на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ.

NO BULL…(www.justnobull.com) претставува уникатен и иновативен бренд концепт, кој вклучува 9 производи од категоријата слатки и солени грицки, произведени во 4 фабрики во Македонија и Србија (А.Д. ЕВРОПА, ВИТАМИНКА А.Д., СВИСЛИОН ДОО, ТАКО.РС).

B-GOOD FOOD Co. (www.b-goodfood.com) од друга страна е бренд кој ги промовира најквалитетните производи од Македонија и регионот од категоријата основни намирници за секојдневна консумација (ориз, грав, брашно, масло итн.). Како прв производ кој е лансиран од оваа програма е нашиот познат кочански ориз.

Дополнително, од компанијата велат дека целта им е да ги позиционираат овие производи во повисок сегмент, бидејќи веруваат дека ваквите производи заслужуваат да бидат вреднувани повеќе.

„Ние сме мал креативен тим од ентузијасти кои се трудат да ја прикажат нашата земја во позитивно светло и да му покажат на светот дека Македонија има потенцијал да развива брендови кои може да се носат рамо до рамо со најголемите светски имиња. Но, освојувањето на светот не може да го правиме сами. За таа цел потребна ни е подршка од сите оние кои  имаат пријатели и контакти во Америка или било каде низ светот – ги замолуваме сите припадници во оваа група да ги споделат нашите брендови со својата мрежа на познаници, со надеж дека информацијата ќе стигне до заинтересираните страни” – вели Јоана Шикоска, менаџер за комуникации во компанијата.     

реклама

Бизнис

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more

Доларот зајакна петта недела по ред

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе