Чек дис аут

Два острова во Индонезија целосно исчезнаа поради глобалното затоплување

16. јануари 2020 - 8:08 | МИА

Два ненаселени острови во индонезиската провинција Јужна Суматра се целосно исчезнати под вода како резултат на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување.

Тоа го објави весникот „Стрејт тајмс“, цитирајќи ги податоците од локалниот Форум за заштита на животната средина.

„Бетските и Гундулските острови сега се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво“, рече шефот на таа невладина организација, Хајрул Собри.

„Доколку не се преземе итна акција, на уште четири острови во рамките на таа провинција им се заканува исчезнување“, предупредува експертот.

Коментирај