Два вида на грип веројатно изумреле поради ковид-рестрикциите

Ефективноста на карантинот, полицискиот час и сите други рестрикции воведени поради COVID-19 сѐ уште се предмед на разни полемики, но затворањето на училиштата и бизнисите, рестрикциите за патување и забраната за групирање веројатно придонеле да узумрат два вида на грип.

Ова го тврди дел од експертската фела. Ако на почетокот на пандемијата стравувањата беа дека кога COVID-19 истовремено ќе удри по човекот заедно со сезонскиот грип ќе направи вистински хаос во болниците, ништо од тоа не се оствари. Причината - едноставна: сезонскиот грип речиси да го снема.

Задолжителното носење на заштитна маска, социјалната дистанца и други мерки првенствено воведени за заштита од COVID-19 се главните виновници што зимава грипот изостана. Во една студија објавена во STAT се вели дека изостанокот на сезонскиот грип годинава резултирал со тоа два негови вида најверојатно да изумрат.

Подвид на H3N2 вирусот, како и варијанта на инфлуенца Б вирусот, не се забележани веќе повеќе од 12 месеци. „Веројатноста дека овие два вида се изумрени е голема“, пишува STAT.

„Шансата подвидот H3N2 да е засекогапш исчезнат е навистина голема, но, светот е сепак големо место“, вели Тревор Бедфорд, биолог од „Фред Хатчинсон“ центарот за истражување канцер во Сиетл.

„Тоа што никој не ги видел не значи дека се целосно исчезнати. Но, можно е и навистина да изумреле“, вели Флориан Крамер, експерт за грип во медицинското училиште „Маунт Сајнај“ во Менхетен.

Колку навистина овие видови на грип исчезнале ќе дознаеме единствено кога ќе запре COVID-19 и зимските месеци ќе ги поминуваме без никакви ограничувања.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе