Дваесет од 100.000 жени годишно заболуваат од рак на грло на матка, потребна е масовна ХПВ вакцинација и скрининг

На 100.000 жени на годишно ниво, според податоците од последните неколку години, 20-21 заболуваат од рак на грло на матка, што е доста висок процент. Потребно е подигање на јавната свест за што посмасовна ХПВ вакцинација кај девојчињата и ХПВ примарен скрининг кај жените на возраст од 25 до 65 години, беше истакнато на денешната прес-конференција што се одржа по повод Недела на борба против ракот на грлото на матката, на која беше наведено и дека во Мој термин се воведува секција Женско здравје, каде ќе бидат внесени сите извештаи од гинеколошките прегледи, како и од ехо на дојка и момографија.

На прес-конфернецијата што беше организирана од страна на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Македонското здружение на радиолози и Македонското здружение за патологија (членки на Македонското лекарско друштво) беше истакнато дека ХПВ тестирањето е статистичка метода со која се покажува дека практично жената којашто има високоризичен тип носи оргромен ризик да има преканцероза и на тој начин рано се открива и се лекува, со што се спречува да дојде до инвазивен рак.

– Примарен ХПВ скрининг - тоа значи дека на почетокот на одредена популација се земаат примероци од грло на матка и се тестираат за присуство на ХПВ вирусот следено со негова генотипизација односно одредување на гентипот на вирусот, односно дали се работи за ниско или високо ризичен, наведе професорот Рубенс Јовановиќ.

Тој појасни дека веќе повеќе европски земји практикуваат примерен ХПВ скрининг, со тоа што скринингот се спроведува кај жените на возраст од 25 до 65 години и додаде дека е утврдено во тој скрининг да не спаѓаат жените од помладата возрасна група од 21 до 25 години бидејќи бројот на инфекции кај таа возрасна група е голем и анализите покажуваат дека најголем дел од тие инфекции спонтано ќе се елиминираат и само во помал процент вирусот ќе премине во интегративна фаза.

Професорот Јовановиќ истакна дека на здравствените власти им е даден предлог за спроведување на примарен ХПВ скрининг.

– Доколку нашиот здравствен систем тргне со примарно ХПВ тестирање треба да повнимаваме тоа да се одвива по строги протоколи, со строги тестови, бидејќи од повеќе од 480 тестови достапни на пазарот само 14 се валидирани, а само 4 се одобрени од Американската агенција за храна и лекови. Ќе треба многу да се внимава, бидејќи многу е битно, доколку се одлучиме за ваков тип на примарен скрининг, сите лаборатории коишто ќе бидат инволвирани во тој скрининг да користат иста методологија и исти тестови за да имаат компарабилни резултати, нагласи Јовановиќ.

Во однос на вакцините на прес-конференцијата беше истакната дека процентот на вакцинирани не е доволен и оти мора да се подигне јавната свест за ХПВ вакцината. Деветовалентната вакцина, се смета за откритие на XXI век.

Професорката Александра Гроздановска посочи дека се објавуваат многу дезинформации во однос на вакцините.

– ХПВ вакцината е една од најпосебните вакцини бидејќи станува збор за вакцина којашто покрај тоа што делува на инфективно заболување, а тоа е ХПВ инфекцијата, превенира развој на карцином, потенцираше Гроздановска.

Таа додаде дека ракот на грло на матка е втор по карциномот на гради и дека најдобро е да се превенира.

Гроздановска наведе дека државата нуди ефикасна и достапна вакцина за која треба да се подигне свеста кај родителите и девојките кои се од 12 до 15 годишна возраст да се вакцинираат.

Професорот Горан Димитров упати благодарност до националниот систем Мој термин бидејќи на нивно барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел за „женско здравје“.

– На наше барање во електронското досие на пациентките ќе биде додаден посебен дел кошто ќе се нарекува Женско здравје, каде што лекарот кој што ја прегледува пациентката може да ги види на едно место извештаите од гинеколошките испитувања, како и прегледите на дојка, ехо, момографија и во тек е дополнување на овој модул со секција за следење на ХПВ статусот на секоја жена и каков е нејзиниот вакцинален статус, наведе Димитров.

Докторката Виолета Клисарова го објасни методот на лекување на различни типови на кационом на грло на матка и посочи дека постојано се надградува и модернизира начинот на лекување.

Професорите на прес-конференцијата ги претставија и придобивките кај земјите кои вовеле примарен ХПВ вирус како и од примената на ХПВ вакцината.

Тагови
реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Македонија

Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Read more

Наплатните пунктови на „Водовод“ во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат денес и утре

Read more

Бојан Јовановски-Боки 13 излегува од затвор

Read more

Без струја денеска делови од општините Илинден и Петровец

Read more
 

Вести

Проекција на документарниот филм The Hip-Brainstorm на Јане Алтипармаков во Струмица

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев додели 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за новородечињата од Општина Центар

Читај повеќе

Моќен милијардер ја поддржа главната соперничка на Трамп за изборите

Читај повеќе

Наплатните пунктови на „Водовод“ во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат денес и утре

Читај повеќе

Ердоган: Израел мора да биде одговорен за воените злосторства во Газа

Читај повеќе

Мафијаш им предаде на италијанските власти луксузен вештачки остров кај Дубаи

Читај повеќе

Ловечката Федерација на Македонија се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска

Читај повеќе

Официјално: Сопругата на Кирил Буданов била отруена

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот на експлозивна ерупција на вулкан во Јапонија

Читај повеќе