Хроника

Дваесетгодишен жител на Арачиново осомничен за неовластена продажба на марихуана

24. февруари 2020 - 18:25 | МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против дваесетгодишен жител на Арачиново, поради основано сомнение за неовластена продажба на марихуана.

Како што соопшти Обвинителството, осомничениот во својот дом во Арачиново, неовластено заради продажба држел марихуана со нето маса од 1007,8 грама, скриена во плакар во подрумската просторија. Дрогата била пронајдена и одземена при претрес во домот на 23 февруари.

Поради опасност осомничениот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор.

Коментирај