1.МФЛ 2019/20

Двајца од Шкендија и 4 од Ренова позитивни на COVID-19

Ф.З.
/ 31.05.2020 / 15:24

Први позитивни во домашниот фудбал меѓу денешните 62 новозаразени. Шестмината се од двата тетовски прволигаши.

Ренова веќе одржа тренинг деновиве; Фото: ФК Ренова Џепчиште

Масовните тестирања во македонските фудбалски клубови ги открија првите случаи на заразени во домашниот фудбал. Вчера во Тетово тим на „Аџибадем Систина“ земаше примероци од фудбалерите и стручниот штаб на клубовите Шкендија и Ренова.

„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаи на COVID-19. По повторената анализа во лабораторијата на „Аџибадем Систина“ за жал имаме позитивни случаи. Информацијата ја имавме уште касно синоќа, но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на COVID-19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.
Четворица позитивни има во таборот на ФК Ренова и двајца во таборот на ФК Шкендија“, велат од Синдикатот на фудбалери на Македонија, организација која посредува и ги покрива трошоците за тестовите.

Имињата на заразените не се откриваат, а не е потенцирано дали се фудбалери и тренери. Денешните резултати може да го искомплицираат најавеното продолжување на сезоната во 1.МФЛ.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе