Хроника

Двајца пешаци повредени во сообраќајка во Скопје

16. јуни 2019 - 12:16 | МИА

Скопје, 16 јуни 2019 (МИА) – Двајца пешаци се повредени во Скопје откако во нив удрило возило марка „фиат пунто“ управувано од 19-годишно лице.

Како што соопшти денеска МВР, двајцата пешаци А.Ш. (44) и Х.Ш. (18) со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е укажана лекарска помош. Потешко повреден е А.Ш, а со телесни повреди се здобила Х.Ш.

Несреќата се случила синоќа во 22:55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“. Возилото било управувано од И.Б.(19) од Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коментирај