Двајца пешаци се тешко повредени, во сообраќајни несреќи што се случија во вторникот во Скопје.
Во едната сообраќајка повредена е седумдесет и четиригодишна жена која била пренесена во Ургентниот центар. Автомобил „мерцедес“ со албанска национална ознака управувано од дваесет и седумгодишен скопјанец удрил во жената на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на Зелен пазар.
Другата сообраќајка се случила на булеварот „Партизански одреди“ кога мотоцикл „кавасаки“ управуван од деветнаесетгодишен скопјанец, прегазил четириесет и седумгодишен пешак.
Во несреќата повредени се и мотоциклистот кој поминал со полесни повреди, додека пешакот се здобил со тешки телесни повреди.