Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
- Скопје 7
- Куманово 6
- Прилеп 2
- Велес 1
Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20548 тестирања на COVID-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 Септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.
Вкупната бројка на covid дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.