Двајца починати од тешка заразна болест, четворица задржани на Инфективна

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаа две лица од заразна болест. Станува збор за лица од гостиварско, кои се во крвно сродство, но засега од Клиниката не потврдуваат дали станува збор за татко и син.

Едниот е на возраст од 24 години, а другото лице имало околу 50. На клиниката биле примени со дијареја и покачена телесна температура, но болеста брзо прогресирала и ги зафатила бубрезите, црниот дроб и системот за коагулација.

Директорот на клиниката Звонко Миленковиќ вели дека се уште се истражуваат причините за болеста. Се сомневаат дека се работи за болест која се пренесува преку добиток. Од комисијата за заразни болести смируваат да не се создава паника меѓу населението, бидејќи според нивните сознанија, болеста тешко се пренесувала од човек на човек.

На Инфективната клиника, како што изјави Миленковиќ нема карантин, туку се работи за изолација на пациенти. Во моментов има уште четири лица задржани на клиниката, од кои дел се крвно поврзани со починатите.

Се вршат испитувања за да се утврди за кое заболување се работи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе