Хроника

Двајца повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

27. јуни 2019 - 11:03 | МИА

Штип, 27 јуни 2019 (МИА) – Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај м.в. Шести километар, или кај винарската визба ИМАКО.

Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камион „ТАМ“ и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.

Повредени се двајцата возачи во двете возила кои пренесувал едниот сено, а вториот безалкохолни пијалаци и се хоспитализирани во штипската клиничка болница.

Штипските пожарникари веднаш реагирале и излегле на терен, вели Тони Атанасов, командир на штипската противпожарна единица. И двајцата возачи се извлечени од возилата.

Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.

Инаку, ова е позната црна точка на патот Штип – Радовиш каде што постојано се случуваат вакви тешки сообраќајни несреќи, а голем дел од нив завршуваат и со фатални последици, односно има жртви

Коментирај