Двајца преживеани во авионската несреќа во Пакистан

МИА/КАЈГАНА
/ 22.05.2020 / 17:12

Две лица го преживеаја уривањето на патничкиот авион во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Иако претходно беше соопштено дека нема преживеани во авионот со 98 патници и екипаж, подоцна е соопштено дека две лица го преживеале падот на авионот, кој се урна во населена област во Карачи.

Во првите извештаи беше посочено дека во авионот имало 107 патници и членови на екипажот, но подоцна е прецизирано дека имало 91 патник и седум членови на екипажот.

Градоначалникот на Карачи, Васим Ахтар изјави дека се уништени неколку куќи во падот на авионот на пакистанската авиокомпанија Pakistan International Airlines. Засега не е познато дали некој загинал во тие куќи.

Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пилотот дал тревога откако авионот останал без еден мотор.

Несреќата се случи неколку дена откако Пакистан ги обнови комерцијалните летови во земјата. Тие врски беа прекинати повеќе од еден месец, како резултат на епидемијата на коронавирусот.

URL
реклама

Се влошува состојбата со COVID-19, можни нови рестриктивни мерки

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Дали сте слушнале за правилото од „шест минути“ во сексот?

Read more

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Свет

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Eвакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Read more

Алексеј Навални пуштен од болница

Read more

Вести

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

183 нови случаи на COVID-19 од 1.769 тестирања

Читај повеќе

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од COVID-19

Читај повеќе

Пендаровски: Безбедносната состојба стабилна, најголем предизвик останува пандемијата на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Eвакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Читај повеќе

Алексеј Навални пуштен од болница

Читај повеќе

Левица поднесе 8 тужби против Собранието

Читај повеќе

Бела ноќ в сабота на 10 локации низ Скопје

Читај повеќе