Хроника

Двајца приведени и две кривични пријави за поседување и за продавање дрога

18. јануари 2020 - 10:48 | МИА

Скопје, 18 јануари 2020 (МИА) – На 17.01.2020 во 20.30 часот на улица „Лихнида“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш. (21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.01.2020 околу 21.00 часот во близина на училиште во гостиварското село Сенокос, полициски службеници од Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода локалниот жител И.Џ. (24), затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И. (18) и А.А. (19), двајцата од тетовското село Горно Седларце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.08.2019 во Горно Седларце полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана.

Коментирај