Хроника

Двајца тинејџери тешко повредени во сообраќајка во Тетово

17. јули 2019 - 16:35 | МИА

Вчера околу 14 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, К.О.(22) од Тетово, управувајќи патничко возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, удрило во велосипедистот Д.Р.(18) и пешакот М.И.(18), двајцата од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле велосипедистот и пешакот и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Коментирај