Ракометната репрезентација на САД ќе настапи на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска. Американците го отвораат турнирот во среда против Португалија, во кој се апсолутни аутсајдери.

САД се една од најслабите селекции на турнирот, а во групата фаворизирани се и Норвешка и Бразил.
За САД ќе игра и 40-годишниот Гери Хајнс. Тој игра за германскиот клуб Лангенфелд во петтата германска лига, а таму е од 2008 година.
Во јавноста е познат и како Нинџа воин. „Ninja Warrior“ е јапонска спортска и забавна програма која вклучува возбудливи натпревари и интересни игри полни со адреналин, во кои одличната физичка подготвеност е клучна. Хајнс учествуваше во германската верзија на ова шоу, секога година од 2016 до 2021, а до финалето стигна во 2016 и 2017 година. Во 2022 година учествуваше во американската верзија.
Хајнс дебитираше за САД пред две години, кога неговиот тим го победи Мароко со 28:27.
Тоа беше историска победа за САД во ракомет. Американците досега шест пати учествувале на Светските првенства. Пет пати беа последни, а во 1994 година завршија на 21 место од 24 екипи.
Интересно, Хајнс како дете сакал да се бави со кошарка, но на 14-годишна возраст се решил да се проба во ракомет бидејќи бил премногу низок за кошаркар. Денес е висок метар и 80.