Хроника

Две девојки меѓу пет повредени во сообраќајка во кумановско

17. јуни 2019 - 12:20 | МИА

На 16.06.2019 година во 17.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајка помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(51) од с.Пузаљка, општина Старо Нагоричане и патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Г. (21) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди повреди се здобила Ј.И.Н.(20) од с.Пузаљка, сопатничка во првото возило и била пренесена во болницата во Куманово.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Коментирај