RED BULL X FIGHTERS / 2017 / SPAIN / MADRID

Две двојни салта наназад му ја донесоа победата на Шервуд

Возачот од Нов Зеланд, Ливај Шервуд, спои историска комбинација на трикови во едно возење за да стигне до фантастична победа на Red Bull X Fighters настанот во Мадрид кој се одржа по 16 пат.

Ливај Шервуд стана првиот возач во мотокрос слободен стил (FMX) што перфектно извел две двојни салта наназад во едно возење, со што ја обезбеди победата во финалето на најпрестижниот настан од светската серија Red Bull X Fighters.

Во ноќта за паметење на мадридската корида што ги згреа дланките на љубителите на акробациите, Австралиецот Џош Шихан го освои второто место, а Јапонецот Така Хигашино беше трет пред Американецот Адам Џонс.

Ова е втора победа за Новозеланѓанецот во препознатливата „Плаза де Торос де Лас Вентас“ откако прв пат славеше таму во 2012 година, по што следеше победничката серија на Томас Паже од четири триумфи во низа.

„Немате претстава колку е убаво сето ова“, изјави 25-годишниот Шервуд, кој има девет победи во Red Bull X Fighters, но последниот е пред три години на настанот одржан во Осака во 2014 година. „Долго време го чекав ова. Победите се по ретки и оддалечени, помина многу време откако победив последен пат. Чувството е прекрасно.“

Шервуд во голем стил изведе чифт на двојни салта наназад, од кои едно без раце, правејќи овој некогаш страшен трик да изгледа речиси неверојатно лесен пред одушевената публика во духовниот дом на овој спорт. Бранителот на трофејот, Томас Паже, беше присилен да го гледа шоуто од трибините поради повреда на рамото.

„Пред три месеци почнав да го вежбам двојното салто наназад и тоа претставуваше напуштање на мојата ‘комфорна зона’. Но, ми здодеа и сакав да се издигнам себе си за да го направам тоа без да ги држам рачките. Ми требаше време за да можам да ги тргнам дланките од нив, но откако еднаш успеав, натаму беше лесно“, откри Шервуд, кој добил на располагање оргромна „воздушна перница“ на својот тренинг терен, една од трите во светот, покрај онаа на легендарниот Трејвис Пастрана и втората што се користи во „Нитро циркус“.

Во својата кампања за победа во Мадрид, Шервуд исто така го изведе и незаборавниот скок наречен „360 нек-нек“, со што остави голем впечаток кај судиите кои му дадоа 4 од можни 5 „кациги“ за изведбата.

Најдобрите 12 возачи во мотокрос слободен стил ги изведоа своите трикови на и без мотор, летајќи до 15 метри во височина и 30 метри во далечина. Со изведувањето на двете двојни салта наназад во зададениот рок од 75 секунди за едно возење, Шервуд го подигна спортот за едно ниво и направи на сите да им е јасно дека неговата верба е да го предводи спортот уште понапред. Неговиот мотор тежеше само 91 килограм или 16 помалку од порано, а и самиот тој ја намали сопствената тежина за 10 килограми за да може да го изведе трикот. 

„Фасциниран сум со правењето нештата да бидат подобри и спортот да напредува. До сега, нашите способности речиси ги надминаа можностите на мотоциклите. Сега кога го возам моторот, чувствувам дека не можам да го следам она што тој го прави. Отворено е ново поглавје по прашање што е можно да се направи со моторот“, додаде Шервуд кој пиеше шампањско од својата патика при прославата.

Комплетни резултати: 1. Ливај Шервуд (Нов Зеланд), 2. Џош Шихан (Австралија), 3. Такаги Хигашино (Јапонија), 4. Адам Џонс (САД), 5. Лук Акерман (Германија), 6. Дани Торес (Шпанија), 7. Клинтон Мур (Австралија), 8. Меикел Мелеро (Шпанија), 9. Кристијан Мејер (Шпанија), 10. Роб Аделберг (Австралија), 11. Хари Бинк (Австралија), 12. Фред Кирилос (Бразил).

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе