Добри вести за клиентите на Sparkasse и Volksbank во Германија.
Банките донесоа одлука за соработка, па клиентите на Sparkasse покрај банкоматите на таа банка ќе можат да подигнуваат пари и од банкоматите на банката Volksbank и обратно.
Ваквата одлука ја донеле банките бидејќи многу банки ги отстраниле банкоматите бидејќи најголемиот дел од клиентите своите финансиски трансакции ги вршат преку своите мобилни телефони, пишува магазинот Fenix.
Во моментов во Германија е како лотарија да се најдат банкомати каде клиентите на некои банки може да подигнат пари.
Ова е причината зошто двата банкарски гиганти Volksbank веќе соработуваат во околу 430 случаи и споделуваат локации на банкомати.