Две години и 5 месеци затвор за уште една обвинета во случајот „Двојник“

Уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“ призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. Судот ѝ изрече казна затвор од две години и пет месеци.

На прашање од Судот дали го разбира делото кое ѝ се става на товар и дали се чувствува виновна, обвинетата Оливера Софрониевска одговори со „да“.

Судот на Оливера Софрониевска ѝ изрече забрана за вршење професија, дејност или должност во времетраење од десет години.

Отежнителни околности, при изрекување на пресудата, Судот рече дека се природата и зачестеноста на ваквите кривични дела во изминатите години.

– Како овластено службено лице во МВР Оливера Софрониевска во никој случај не смеела да го прекршува законот. Доколку што Оливера во периодот одобрила изработување на 198 лажни патни исправи, изјави судијката Оља Ристевска.

Олеснителни околности, посочи таа, се признанието на вина и каењето за стореното дело.

По признанието на вина, Судот ја раздвои постапката за останатите обвинети Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска.

Претходно денеска вина призна и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седум месеци.

Судот на првото рочиште ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години.

Судот на Раиф Мифтари, кој исто така, призна вина му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.

Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Според обвинението за случајот „Двојник“, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе