Две кампањи на „Њу момент“ во финалето на BalCannes 2020

Две кампањи на маркетинг-агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани - Скопје, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани во изминатава година беа избрани во најдобрите 25 проекти во регионот на фестивалот за маркетинг BalCannes 2020.  

Кампањата „Кога пчелите ќе стивнат“ е работена како социјален експеримент за последиците од изумирањето на големи пчелни семејства поради климатските промени и загадувањето. Кампањата е направена за потребите на Германското друштво за меѓународна соработка со седиште во Скопје, GIZ (The Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit).

Герила акцијата за ослободување на дрвјата низ Скопје, агенцијата Њу Момент ја работеше како про-боно проект, заедно со Институтот за комуникациски студии и невладината организација за чист воздух О2 Иницијатива. Целта на кампањата беше подигнувањето на јавната свест за близу 1000 дрвја чии корени се заробени под градскиот бетон, со цел нивно ослободување и враќање во процесот како заштитници на чистиот воздух.

– Во годината во која една работа беше сигурна, дека ништо не е сигурно, единствен начин да излеземе од психичкиот товар на Ковид 19 кризата, е да се држиме до слободата која ја пружа креативноста и различните начини накои и како индивидуалци и како компанија, можеме да ги искористиме за да бидеме корисни и за себе и за нашата заедница. Можеби, наградите за токму овие две кампањи, ни укажуваат на еден од најголемите проблеми што како држава ги имаме е загадувањето од различни видови и мора да работиме и на подигнување на јавната свест и на поттикнување на надлежните институции за агилност и посветеност во решавањето на проблемот. Навистина сме благодарни на нашите клиенти за отвореноста и храброста да се пренесат пораките на поразлични начини од традиционалните, но и затоа што ја препознаваат Њу Момент како партнер за вакви проекти. Секако среќни сме што и членовите на жирито на  BalCannes 2020, претставниците на медиумите и членовите од индустријата на маркетингот од регионот, ги препознаваат нашата креативност и посветеност и во вакви времиња, во кои корона темата е доминанта во сите сфери, вели Филип Димитров, директор за услуга на клиенти и еден од креаторите на кампањите.

Агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани – Скопје е една од најстарите агенции во нашата држава и една од најнаградуваните во регионот со повеќе од 120 меѓународни награди за креативност во своето портфолио.

реклама

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Го зголемува ризикот од инфекција: Кој е најлошиот избор на заштитна маска?

Read more

Најнезаборавните пенали во поновата фудбалска историја

Read more

Какви порно филмови сака секој хороскопски знак?

Read more

Бизнис

Преку партнерството на Httpool со Spotify, брендовите ќе можат да им се обратат на љубителите на музиката

Read more

Кинеските супер богаташи се збогатија за 1,5 билиони долари за време на пандемијата

Read more

Отворена фабрика за производство на медицински канабис, инвестиција од 16 милиони евра

Read more

Во Викендот без ДДВ остварен промет над 500 милиони денари

Read more

Вести

Владата ги прифати препораките за ограничена работа на угостителските објекти

Читај повеќе

Филипче: Болничките капацитети се исполнуваат, примени пациенти и во модуларната болница

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Нови 408 случаи на COVID-19, оздравени 280, починати четири лица

Читај повеќе

Најдено починато лице во Затвор Скопје

Читај повеќе

Филипче: Мерките за заштита од COVID-19 кои се во Собранието итно да се донесат

Читај повеќе

Преку партнерството на Httpool со Spotify, брендовите ќе можат да им се обратат на љубителите на музиката

Читај повеќе

Физичка пресметка помеѓу кичевци, eдниот заврши во Ургентен

Читај повеќе

Заев: Има сериозни аргументаци за носењето маски на отворено

Читај повеќе