Здравје

Две опасни грешки во исхраната

24. мај 2019 - 16:02 | Б.С.Б.

Ново истражување покажува дека две специфични грешки во исхраната се поврзани со заболувањето од рак, а тоа се недоволното консумирање на млечни производи и внесување на премалку житарки од цело зрно.

Научниците додаваат дека консумирањето на црвено месо, сувомеснато, шеќери и засладени напитоци исто така може да предизвика рак.

Студијата е објавена во JNCI Cancer Spectrum, а открива дека исхраната е можна причина за околу 80.000 случаи на инвазивен рак кај возрасни во САД, во 2015 година. Досега се знаеше за црвеното месо и преработената храна како можни предизвикувачи, но не се знаеше дека и недоволното внесување на млечни производи и житарки од цело зрно се исто така ризични,

Утврдено е и кои форми на рак најчесто се добиваат како последица на лошата исхрана. Во 2015 година 38 проценти од случаите на заболување на колоректален канцер се поврзани со лошата исхрана, како и 25.9 проценти од случаите на појавана рак во устата, грлото и гркланот. Со истражувањето е утврдено дека околу 16 проценти од овие видови рак се поврзани и со дебелината.

„Исхрантаа е еден од факторите на кои лесно може да се влијае како превенција од рак“, вели д-р Фанг Фанг Жанг. „Овие резултати покажуваат дека е многу важно да се подобри внесувањето на клучни групи на намирници и нутриенти“, вели авторот на студијата.

Балансирана исхрана со консумирање на сите групи намирници, тоа е крајниот заклучок, особено ова се однесува на диетите кои исфрлаат цели групи намирници.

Коментирај