Околу 4 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Морани, во викенд населбата, гори куќа, сопственост на Р.Н.(66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 9:30 часот пожарот бил изгаснат.