Хроника

Две тешки кражби во Скопје

7. мај 2016 - 13:15 | Макфакс

На територијата на Скопје во петокот се пријавени две тешки кражби во кои се украдени неколку илјади евра, како и вреден златен накит и оружје.

Во петокот во раните попладневни часови во полициската станица „Аеродром“ 44-годишна скопјанка пријавила дека во текот на денот, во периодот меѓу 07:15 и 16:10 часот во нејзиниот стан на улицата „Венјамин Мачуковски“, во населбата Мичурин, била извршена тешка кражба, при што по обивањето на влезната врата биле одземени 2.100 евра, 60 американски долари, златно синџирче со приврзок и пиштол „ЧЗ 75 б“ калибар 9мм, кој со дозвола го поседувал нејзиниот сопруг. Причинетата штета е проценета на околу 150.000 денари.

Четириесет и шест годишен скопјанец, истовремено пријавил дека од неговата куќа на улицата .„Коце Металец“, во населбата Железара, непознат сторител во периодот од 10:20 до 15:20 часот во петокот извршил тешка кражба одземајќи 12.000 евра, 15.000 денари и три златни женски прстена. Во овој случај предизвиканата штета е процента на вкупно околу 750.000 денари.

Од СВР Скопје известуваат дека и во двата случаи преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Коментирај