Живот

Двегодишно дете ѕвезда на божиќна реклама која ќе ве разнежни

5. декември 2019 - 12:49 | Б.С.Б.

Семејната продавница Hafod Hardware со буџет од 100 фунти сними реклама која ги разнежни гледачите и разбуди во нив бура од емоции. Со тоа стана и вирален хит на интернет.

Најинтересно е што ѕвезда во рекламата е двегодишниот Артур Џонс, чиј татко Том е сопственик на продавницата.

Видеото прикажува мало момче кое се буди наутро, оди на работа и своите работни задачи ги извршува со насмевка. Крајот на рекламата и пораката што ја пренесува е изненадување за многумина. Инаку, во видеото се појавуваат четири генерации од ова семејство кое продавницата ја поседува од 1895 година и со самото тоа е една од најстарите во нивниот град Рајадер.

„Правењето на ова видео со мојот син беше искуство кое ќе го паметам цел живот. Тој е многу бистро момче и би лажел кога би рекол дека беше тешко да го убедам. Често ме посетува на работа така што всушност го правеше тоа што и вообичaено го прави“, раскажа гордиот татко за Mirror.

Коментирај