Двојна бајка: Идентични близнаци и близначки се венчаа во ист ден
Идентичните близнаци Џош и Џереми Салиерс ги запросија нивните девојки, идентичните близначки Британи и Бријана Диен на 2 февруари (02.02) и двојките се венчаа заедно на Фестивалот на близнаците во Твинсбург, Охајо.
Темата на свадбата беше бајковидна – „Два пати многу одамна...“, а венчавката ја одржаа свештеници кои исто така се идентични близнаци. Тоа не е сѐ – двојките планираат да живеат заедно во иста куќа и заеднички да ги воспитуваат децата.
Ви звучи познато? Уште два пара близнаци и близначки прават нешто слично.