Двојниот стандард на УЕФА за воените поздрави на фудбалските терени

Почнувањето дисциплинска постапка од страна на Унијата на европски фудбалски асоцијации за фудбалерите на Турција, кои за време на натпреварите со Албанија и со Франција головите ги прославија со воен поздрав, го покажува двојниот стандард на УЕФА.

Дисциплинската постапка што ја отвори УЕФА за фудбалерите на репрезентацијата на Турција привлекува внимание со својата „политичка содржина“. При сличните тврдења за дисциплински истраги по натпреварот со Албанија, агенцијата Anadolu упати писмено прашање до директорот за комуникации на УЕФА, Филип Таунсенд.

Таунсенд на прашањето одговори: „УЕФА нема никаков коментар за натпреварот“.

Добро, што се случи, при што истата УЕФА овој пат по натпреварот со Франција, за иста прослава за головите почна истрага за фудбалерите?

Очигледно е дека одлуката на УЕФА за почнување истрага за фудбалерите е донесена во рамките на кампањата на европската политика што се води против операцијата „Извор на мирот“, која Турција ја спроведува врз основа на меѓународното право и правото на самоодбрана што произлегува од членот 51 на Обединетите нации.

Непосредно пред УЕФА да објави дека почнала истрага за турските фудбалери, особено внимание привлече објавата на министерката за спорт на Франција, Роксана Марачинеану, на својот социјален профил, која напиша дека воениот поздрав на турскиот фудбалер Каан Ајхан по постигнатиот гол во натпреварот со Франција е во спротивност со духот на спортот.

Таа исто така во објавата упати повик до УЕФА да го разгледа случајот.

Заедно со таа објава, особено во европските медиуми, имаше провокативни емисии во врска со воениот поздрав на фудбалерите на Турција, со што се изврши политички притисок врз УЕФА за да отвори дисциплинска истрага.

Во скандалозната објава на УЕФА за почнување на дисциплинската постапка се истакнува дека истрагата е почната за воениот поздрав на фудбалерите на Турција за време на натпреварите со Албанија и со Франција. Но, истата УЕФА, два дена пред натпреварот со Франција, во однос на воениот поздрав на натпреварот со Албанија истакна дека не е отворена никаква дисциплинска постапка и дека таа (УЕФА) нема никаков коментар во однос на темата.

Во најважните лиги во Европа, Ла Лига на Шпанија, Премиер лигата на Англија и Бундеслигата на Германија, претходно голем број фудбалски ѕвезди постигнувањето на головите го славеа со воен поздрав.

Оваа радост од страна на телевизиите на тие земји беше емитувана со минути. И во весниците имаше широк спектар на фотографии.

И покрај таа радост во европските медиуми, во тие денови немаше никакви дискусии за воените поздрави. Од друга страна, радоста на турските фудбалери за време на натпреварот со Франција беше цензурирана од страна на француската телевизија и не беше прикажана на телевизиските екрани.

Радоста на фудбалерите на Турција од страна на УЕФА се смета за сомнеж за „можна“ провокација. УЕФА соопшти дека назначила двајца инспектори од Комитетот за етика и дисциплина на УЕФА за да го истражат случајот. Во соопштението на УЕФА привлече внимание изразот „можна“.

Гризман може да упатува воен поздрав

Фудбалерот на Франција, Антоан Гризман, за време на Светското првенство, најважната организација на светскиот фудбал, финалето го славеше исто така со воен поздрав.

Гризман на церемонијата на доделувањето на трофејот за светски првак, на која присуствуваа голем број државници, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, домаќинот на Мундијалот, францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави со воен поздрав. Тоа тогаш не беше коментирано како политичка порака или пак политичка провокација.

На шампионската церемонија што се одржа во Елисејската палата, Гризман уште еднаш го поздрави Макрон со воен поздрав. Тоа во европските медиуми беше толкувано како гест за претседателот на државата.

Во натпреварот во групата Ф на Мундијалот во Русија, Јужна Кореја и Германија се сретнаа во Казањ. Јужнокорејскиот фудбалер Хон Чал при интонирањето на националната химна на својата земја исто така поздравуваше со воен поздрав.

Роналдо, Марселу, Манџукиќ и Адебајор

Воениот поздрав на фудбалските натпревари не е ограничен само со турските фудбалери и со Гризман.

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој неколкупати ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот, кога играше за екипата на Реал Мадрид, головите заедно со тимскиот колега, Бразилецот Марселу, исто така ги прославуваше со воен поздрав.

На четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Баерн, фудбалерот Тиери Анри, кој тогаш играше за шпанската екипа, постигнатиот гол заедно со неговиот тимски колега Самуел Ето го прослави со воен поздрав.

Емануел Адебајор, една од најважните личности на африканскиот фудбал, се наоѓа меѓу фудбалерите кои постигнатиот гол го прославиле со воен поздрав. Во тоа време во неговата земја, Того, имаше турбулентен политички период. Адебајор, во време кога го носеше дресот на Тотенхем, по постигнатиот гол во натпреварот со Манчестер Јунајтед, исто така славеше со воен поздрав.

На стадион парчиња ткаенина симболи на ПКК

Двојниот стандард на УЕФА не е ограничен само на одлуката за воениот поздрав на турските фудбалери.

За време на натпреварот помеѓу Галатасарај и шведската екипа Естерсундс кој се играше во Шведска, навивач влезе на теренот и вееше знаме со ликот на Абдула Оџалан, водачот на терористичката организација ПКК.

Пред три години во натпреварот помеѓу Османлиспор и екипата на Цирих, кој се играше на гостински терен во Швајцарија, на трибините беа отворени парчиња ткаенина кои ја симболизираат терористичката организација ПКК и постерот на нивниот лидер Абдула Оџалан.

Ваквиот срам на фудбалскиот терен беше казнуван со мали парични казни или пак само со укори.

Покрај тоа, на многу натпревари на турските екипи во европските купови, приврзаниците на терористичката организација влегуваа на теренот и предизвикуваа прекин на натпреварите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе