Бизнис

Џабе им се нулите: Кои земји имаат најмалку вредни валути?

20. септември 2019 - 9:05 | А.С.

Моќта на валутата на една земја е одраз на економската добросостојба на нацијата. Колку е појака валутата, толку е поголема куповната моќ на граѓаните на таа земја.

Еден од начините за мерење на моќта на валутата е да се спореди со помоќна и постабилна валута на развиена земја. Обично за ваква споредба се користи американскиот долар.

Ова се десетте најслаби валути во светот:

Египетска фунта

Египет за официјална валута ја има египетската фунта – EGP – која се користи и во Појасот Газа. Египетската фунта е воведена во 1834 година, но граѓанските немири, променливите цени на нафтата и лошите економски одлуки доведоа до пад на нејзината вредност. До 2016 година еден американски долар можеше да се замени за 16 египетски фунти.

Нигериска наира

Наира е официјалната валута на Нигерија и се обележува со NGN. Воведена е во јануари, 1971 година. Своевремено била брилично јака валута, но по граѓанските судири и намалувањето на глобалната цена на нафтата, се намали и вредноста на наирата. Централната банка на Нигерија безуспешно се обидуваше да се избори против инфлацијата со менување на клучната каматна стапка. Еден американски долар може да го замените за 358 наири.

Севернокорејски вон

Вон е паричната валута што се користи во Северна Кореја, а нејзината кратенка на финансискиот пазар е KPW. Вонот беше пуштен во употреба во 1947 година и го замени корејскиот јен. Долгогодишните санкции и лошото управување на земјата предизвикаа висока инфлација во економскиот сектор, што ја наруши вредноста на вонот. За еден долар може да купите 900 KPW.

Гвинејски франк

Гвинејскиот франк е официјалната валута на Гвинеја, а неговата кратенка е BNF. Како валута бил воведен во 1959 година. Очајните економски услови придонесоа за висока инфлација и сега за еден долар може да добиете 9.368 гвинејски франци.

Лаошки кип

Кип е официјалната валута на Лаос и се означува со LAK. Во употреба бил вратен во 1952 година. За еден долар може да добиете дури 8.790 LAK.

Леоне

Валутата на Република Сиера Леоне е леоне - SLL. Граѓанската војна што траеше цела деценија предизвика хиперинфлација и економски колапс во земјата. Вредноста на леоне опадна и сега може да размените еден американски долар за 9.400 SLL.

Индонезиска рупија

Индонезиската рупија е официјална валута во Индонезија. Жителите на оваа островска земја звојата валута ја нарекуваат и „перак“ што значи сребро. Од јауари, 2017 година за еден долар може да добиете 14.056 индонезиски рупии.

Виетнамски донг

Виетнамскиот донг (VND) е официјална валута на Виетнам. Бил воведен во 1978 година, по обединувањето на Јужен и Северен Виетнам. За еден долар може да добиете 23.212 VND.

Ирански ријал

Иранскиот ријал е официјална валута на Иран. Го издава Централната банка на Иран и за еден долар може да добиете 42.105 ирански ријали.

Венецуелски боливар

Венецуелскиот боливар (VEF) е воведен како официјална валута во Венецуела во 2008 година за да го замени оригиналниот боливар. Економската криза во Венецуела дополнително ја намали вредноста на оваа валута и сега за еден долар може да купите 9.987 венецуелски боливари.

Коментирај