Музика

Џастин Бибер и Ед Шеран ја објавија новата заедничка песна „I Don't Care“

10. мај 2019 - 14:41 | А.С.

По речиси две години, Ед Шеран се враќа на сцената со песната „I Don't Care“ што ја сними со Џастин Бибер и ги израдува фановите кои со години ги следат и чекаа ваква соработка, објави Variety.

Продукциски, песната ја потпишуваат Макс Мартин, Шелбек и FRED. Резултатот е певлива ритмичка песна во која гласовите на двајцата пејачи одлично се вклопуваат.

Тема на песната е удобноста на која се препуштаат луѓето во долга врска, а и двајцата музичари имаат искуство во тој поглед – и Џастин и Ед се во долги врски со нивните партнерки.

Ова е втора соработка меѓу двајцата светски популарни пејачи – Шеран учествуваше во хитот на Бибер „Love Yourself“ од пред четири години.

Коментирај