Музика

Џастин Бибер и Хејли Болдвин се венчаа во тајност

15. септември 2018 - 14:12 | К.З.

Популарниот канадски пејач Џастин Бибер и неговата довчерашна свршеница, Хејли Болдвин, вчера се венчаа во Њујорк на тајна церемонија, пишуваат американските медиуми.

Парот ја објави свршувачката летово, додека заедно беа на одмор на Бахамските острови, а оттогаш нивните фанови на социјалните мрежи не престанаа да зборуваат за потенцијалната венчавка.

Неименуван извор потврди за магазинот People дека Џастин Бибер и Хејли Болдвин ја направиле тајната венчавка без да ја известат јавноста за местото и терминот кога тие ќе го кажат судбоносното „да“.

Истиот извор наведува дека парот ќе ја прослави венчавката со голема забава во наредниот период, а се шпекулира дека тоа би можело да се случи на имотот на Бибер во Канада кој пејачот го купи летово, а кој вреди пети милиони долари.

Хејли Болдвин веќе почнала да ја планира церемонијата која ќе биде организирана за јавноста, бидејќи таа инсистирала тие да направат традиционална свадбена вечер со многу гости. Според извори блиски до манекенката, таа веќе најмила организатор на венчавки и кетеринг служба која ќе се погрижи за гостите.

Коментирај