Вести

Џеф Безос го претстави Blue Moon: Време е да се вратиме на Месечината

10. мај 2019 - 10:02 | МИА
 Вашингтон, 10 мај 2019 (МИА) – Американскиот милијардер Џеф Безос во Вашингтон го претстави леталото што ќе биде испратено на Месечината.

Сопственикот на Amazon изјави дека првична цел е слетување на Јужниот Пол на Месечината, каде што научниците потврдија присуство на мраз. Водата може да се користи за производство на водород, т.е. гориво за натамошни истражувања. Целосно наполнет со гориво, Blue Moon тежи 15 тони, а кога ќе слета, ќе биде околу 3,3 тони полесен.

Леталото ќе може да врши превоз на луѓе и опрема на Месечината не подоцна од 2024 година. 

Коментирај