Живот

Џеф Безос: Се закануваат дека ќе објават голи фотографии од мене

9. февруари 2019 - 15:19 | К.З.

Најбогатиот човек во светот не може да „дигне глава“ периодов – најпрво го најави неговиот развод, а сега мора да внимава да ја зачува репутацијата, откако наводно добил закани дека негови голи фотографии ќе бидат објавени пред јавноста.

Извршниот директор на Amazon на неговиот блог на Medium го обвини таблоидот National Enquirer за изнуда и уцена, наведувајќи дека луѓе од списанието му се заканиле дека ќе објават фотографии на кои тој е гол заедно со Лорен Санчез, репортерката со која се состанувал додека беше во брак со неговата жената.

Во блогот со наслов „No thank you, Mr. Pecker“ („Не благодарам, г-дине Пекер“), Безос тврди дека National Enquirer му упатиле закани дека ќе објават голи фотографии од него, доколку не се согласи да ги негира шпекулациите дека компанијата American Media Inc. (во чие сопствениште е магазинот National Enquirer) го истражува неговиот личен живот со „мотивацијата инспирирана од политиката“.

National Enquirer е првиот медиум кој ја објави веста за вонбрачната афера на Џеф Безос, притоа откривајќи ги деталите за неговата врска со Лорен Санчез во детали. Тоа доведе до најава за развод на Безос од неговата сопруга, Мекензи.

А каква врска би можела да има политиката со љубовниот живот на Џеф Безос?

American Media Inc. (AMI) се наоѓа среде правна контроверза во која е вмешан и актуелниот претседател Доналд Трамп. AMI е обвинета дека купила информации од индивидуални извори со цел да ги уништи за тие да бидат скриени од јавноста, односно никогаш да не станат вест. Во случајов, се работи за информации поврзани со приказна за афера на претседателот Трамп со неименувана жена, непосредно пред претседателската кампања, за кои AMI платила 150.000 долари за да има ексклузивни права над приказната. Дејвид Пекер, кој е извршен директор на AMI, беше богато награден за неговата „поданост“ кон претседателот со тоа што беше повикан на вечера во Белата куќа, каде според медиумите, разговарал за нови бизнис можности со највисокиот орган во САД.

Во меѓувреме, Џеф Безос започна истрага околу тоа како AMI успеала да дојде до информацијата и сакаше да дознае кој е нивниот извор. Поради тоа, AMI се обиде да го спречи Безос, кажувајќи му дека „навидум безболната истрага може да доведе до откривање на непосакувани тајни околу Доналд Трамп, САД и праксата на затајување на информации“. Откако тоа не успеа и основачот на Amazon не ја отповика истрагата, AMI му се закани со објавување на неговите голи фотографии.

Според AMI, на фотографиите може да се види Безос облечен само по гаќи, потоа селфи на кое е гол во неговата бања, како и слика од неговиот пенис. Во моментов, случајот е ставен во мирување, но во наредните месеци сигурно ќе дојде до правна разврска.

Коментирај