Вести

Џеф Безос тестираше џиновски робот

20. март 2017 - 19:30 | Б.С.Б.

Шефот на Amazon, Џеф Безос, петтиот најбогат човек во светот, тестираше џиновска роботска конструкција на конференцијата MARS.

На Twitter тој објави фотографија со статус во кој вели: „Тукушто управував со феноменален и огромен робот благодарение на Hankook Mirae Technology“.

И другите учесници на конференцијата го снимаа настанот па така можеме да го видиме Безос како мавта со рацете на роботот и прашува „зошто се чувствувам како Сигурни Вивер?“

Безос го тестираше роботот на MARS, годишна конференција на Amazon посветена на учењето за машините, роботиката и истражувањето на вселената.

Прикажаниот робот е Method-2, направен од јужнокорејската компанија Hankook Mirae.

Коментирај