Филм & ТВ

Џеј Ло покажува како се игра на шипка во првиот трејлер за „Hustlers“

17. јули 2019 - 14:33 | А.С.

Излезе првиот трејлер за филмот „Hustlers“ на STX Films и ги оправдува сите очекувања според она што имавме можност да го видиме и прочитаме досега.

Видеото почнува со сцена во која Џенифер Лопез ѝ покажува на Констанс Ву како се игра на шипка како вистинска профи стриптизета.

Џеј Ло изгледа заносно додека покажува како правилно се обвиткува ногата околу шипката, качена на вртоглаво високи потпетици.

Филмот „Hustlers“ на сценаристката и режисерка Лорене Скафарија е инспириран од текст на Џесика Преслер објавен во New York Magazine за група поранешни вработени во стриптиз клуб кои им ја свртиле играта на нивните клиенти од Волстрит.

Покрај Лопез и Ву во филмот играат и Џулија Стајлс, Кеке Палмер, Лил Рајнхарт, Мерцедес Руел, Карди Би и Лизо.

Лопез е еден од продуцентите заедно со Илејн Голдсмит Томас, Зесика Елбаум, Бени Медина, Вил Ферел и Адам Мекеј.

„Hustlers“ ќе има кинопремиера на 13 септември.

Коментирај