Музика

Џеј Зи до Леброн Џејмс: Јас сум кралот на Кливленд

22. ноември 2017 - 20:42 | К.З.

Леброн Џејмс неодамна се прогласи за „Крал на Њујорк“, кога во Медисон Сквер Гарден арената успеа да го совлада тимот на Њујорк Никс. Сега, Џеј Зи му го возврати ударот.

За време на последниот концерт, Џеј Зи ѝ го раскажа на публиката разговорот со неговиот добар пријател, Леброн Џејмс.

Пред неколку дена, Леброн Џејмс се прогласи за крал на Њујорк, кога со пресврт успеа да донесе победа за Кливленд Кавалирс против Њујорк Никс. Тоа не му се допаѓало на Џеј Зи, кој пред публиката на неговиот концерт рече дека за да му врати, кога ќе го посети Кливленд ќе се прогласи за крал на градот.

„Бев со Леброн синоќа во Детроит. Му реков ‘Еј, човеку, ти си мојот човек и сето тоа, ама не може да се сликаш во Медисон Сквер Гарден и да се прогласиш за крал’. Му реков ‘Ќе одам во Кливленд и ќе се прогласам за крал на градот’“, рече Џеј Зи пред публиката.

Коментирај