Живот

Џејми Оливер: Брегзит е виновен за моето пропаѓање

20. август 2019 - 9:36 | Б.С.Б.

Британските медиуми во последните неколку месеци пишуваат бројни извештаи за пропаста на рестораните на Џејми Оливер, поради што без работа останаа околу 1.000 Британци. Од 25 ресторани, колку што имаше славниот готвач низ Велика Британија, во последните месеци затворени се дури 22 од нив.

Засега работат уште 3 ресторани лоцирани во непосредна близина на аеродромот Гетвик, но и нивната судбина е неизвесна. Почетокот на крајот за бизнисот на Џејми Оливер почна во 2016 година, а тој ги презеде сите мерки за да ги спаси. Инвестираше над 13 милиони фунти од лични средства за да ги амортизира трошоците, но ни тој обид не вроди со плод, компанијата за една година изгуби повеќе од 29 милиони фунти.

„Луѓето во таа кобна 2016 година поради економската неизвеснот на Брегзит просто престанаа да излегуваат во ресторани. Ова беше тешко искуство, но сеедно сум благодарен на лекциите кои бев присилен да ги научам“, изјави Џејми Олвиер, заблагодарувајќи им се на лојалните вработени за долгогодишната служба.

Неговата судбина ја доживеаја и други сопственици на ресторани во земјата,

„Поради економската и политичката неизвесност на Брегзит сè помалку луѓе одат во ресторани, а и самите ресторани се обидуваат да заштедат и да ги амортизираат губитоците намалувајќи ги порциите или квалитетот на намирници“, вели Сајмон Квирк, експерт за потрошувачки навики.

Коментирај