Музика

Џејмс Артур доби тужба за плагијат

23. мај 2018 - 20:50 | А.С.

Бендот „Скрипт“ потврди дека поднел тужба за плагијат против пејачот Џејмс Артур.

Членовите на бендот велат дека синглот на Артур од 2016 година „Say You Won’t Let Go“ содржи речиси идентични битови и леодии со нивната песна „The Man Who Can't Be Moved“ од 2008 година.

Бендот го ангажираше истиот адвокат кој успешно ги застапуваше наследниците на Марвин Геј во тужбата против Робин Тик и Фарел Вилијамс за песната „Blurred Lines“.

Џејмс Артур потпиша договор со музичката куќа „Syco“ на Сајмон Кауел по победата на британскиот „X Factor“ во 2012 година, но беше отпуштен во 2014 година по низа недолични објави на Twitter.

„Say You Won't Let Go“ беше првата песна што Артур ја објави откако ја обнови соработката со „Syco“.

Во изјава за „Billboard“ адвокатот Ручард Буш рече: „Општо е познато дека Артур беше отпуштен од музичката куќа поради јавните контроверзи што ја оштетија неговата кариера.“

„Дури откако ја објави ‘Say You Won’t Let Go’ постигна светски успех“, додаде тој.

Слушнете ги двете песни и проценете дали има сличности:

Коментирај