Филм & ТВ

Џејмс Мекавој се набилда за новата улога

6. декември 2017 - 18:55 | А.С.

Го нема веќе Професор Х. Запознајте го новиот и подобрен Џејмс Мекавој.

Британскиот актер е шармантен, интелигентен и има смисла за хумор, но сега привлекува внимание со целосната трансформација на неговото тело.

Мекавој (38) беше забележан со неговата екипа во центарот на Филаделфија каде се подготвува за продолжението на филмот „Split“ што ќе биде насловено „Glass“, а во него ќе играат и Брус Вилис и Семјуел Л. Џексон. Филмот ќе биде дел од трилогијата што се поврзува со филмот „Unbreakable“ од 2007 година.

Коментирај