Фудбал

Џеко му се заканува на Интер со заминување во Кина

17. јули 2019 - 18:06 | А.С.

Един Џеко веќе одамна ги договори со Интер сите детали околу договорот со кој би требало да го облече сино-црниот дрес, но Рома уште нема дадено дообрување за трансфер. Затоа напаѓачот од БиХ почна да го губи трпението.

Деновиве Џеко доби бројни богати понуди од Кина и сите со ред ги одби за да го испочитува договорот со Интер. Сепак, не планира вечно да ги одбива.

La Gazzetta dello Sport пишува дека Џеко почнал да ги побрзува „неразурите“ конечно да ја договорат висината на отштетата со Рома. Тој ги предупредил дека договорот важи само за овој летен преоден рок, а ако мора да чека на заминување од Рома до јануари, ќе ги разгледа и другите понуди, вклучувајќи ги оние од Кина.

Договорот на Џеко со Рома истекува во јуни, 2020 година, што значи дека во јануари може да преговара со клубови кои налето би го довеле бесплатно. Би можел и веднаш да замине ако Рома добие задоволителна понуда, но износот тогаш сигурно ќе буде помал бидејќи Џеко ќе биде поблиску до истекување на договорот.

Се чини дека на Интер сепак приоритет му е да го донесе Ромелу Лукаку од Манчестер ЈУнајтед, а за Џеко ќе почека. Како резерва го имаат Даниел Стариџ кого може да го донесат без отштета.

Џеко има 33 години, а во Рома е од летото, 2015 одина. Оттогаш, на 179 натпревари постигна 87 голови и имаше 38 асистенции. Кариерата ја почна во Железничар, па оттаму во 2005 замина во Чешка, а потоа по четири години помина во Волфсбург и во Манчестер Сити.

За репрезенатцијата на БиХ играл 103 пати и постигнал 56 голови, меѓу кои еден на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Коментирај