Рецепти

Џем од дињи

19. јули 2018 - 18:40 | М.Д.

Подготовката на овој џем е едноставна и лесна, а тој е идеален за палачинки, разни кифлички и за мачкање на леб.

Состојки:

4 кг. дињи (2 средна големина)

3 лимони

800 грама шеќер

Подготовка:

Дињите исечете ги на половина, извадете ги семките и издлабете ја дињата со лажица. Дињите ставете ги во тенџере, додадете го шеќерот и оставете да отстои два часа. Во тенџерето ставете го исцедениот сок од лимон и потоа ставете го на оган да се вари. Половина час варете на поголема температура а потоа варете уште еден час со повремено мешање.

Теглите во кои ќе го соберете џемот, ставете ги во рерна да се исушат и загреат. Откако џемот ќе ја добие потребната густина, уште додека е топол соберете го во загреаните тегли и добро затворете. Вака подготвениот џем можете да го чувате подолг временски период.

Коментирај